Пет машки совети


Главна улога во одржувањето на добро здравје и добар сексуален живот има хормонот тестостерон. Овој хормон дава енергија, вашето либидо го крева до облаци, ги обликува вашите мускули и...
ги зацврстува мускулите-поточно, прави да се чувствувате „вистински маж“. Но откако ќе ги надминете триесетите години, нивото на тестостерон почнува да опаѓа... што се случува тогаш со вашата машкост?

Ако веќе имате триесет години, нивото на тестостерон почнува полека да се намалува. Ќе мора самите да го стимулирате создавањето на овој хормон, за повторно да се чувствувате во одлична форма и да имате самодоверба. Но, не грижете се, не ви е потребна хормонска терапија, самите вие можете да придонесете за поволно ниво на тестостерон.

1. Направете нешто во врска со телесната тежина
Преголемата телесна тежина може да го зголеми нивото на естроген, а да го намали нивото на тестостерон. Не зборуваме за вишок на 2-3 килограми, туку за надминување на вашата идеална маса за над 30%, што е сî почеста појава во денешно време.

Не почнувајте со гладување
– ако го редуцирате внесувањето на калории за над 15%, вашето тело ќе се навикне дека времето за гладување е дојдено и нивото на тестостерон константно ќе опаѓа. Историско – еволутивно објаснување- репродукцијата во состојба на недостаток на храна – е бессмислена.

Но, она што е најиронично е тоа што, намаленото ниво на тестостерон во крвта, ќе овозможи ефективно согорување на мастите.
Токму поради ова, мора редовно да го „снабдувате“ телото со различни типови на храна – всушност потребно е одредено ниво на калории за да се создава тестостерон. За да се создава тестостерон, на телото му се потребни масти, најдобри масти се оние кои ги има во оревите, лешниците и бадемите.

2. Како што препорачуваат лекарите... повеќе секс за подобар сексуален живот
Германските научници открија дека ерекцијата значајно го зголемува нивото на тестостерон. Утринскиот секс најмногу се препорачува, а активностите во кревет се најефикасен начин за согорување на масните наслаги. И сега повторно се враќаме на првата точка...

3. Потешки физички вежби за поголема „машкост“
Експертите докажаа дека поголем напор и повеќе повторувања на вежби за повеќе мускулни групи, го стимулираат создавањето на тестостерон, многу повеќе отколку вежбите наменети само за една мускулна група.
Затоа, склековите се многу подобри за тестостеронот, отколку вежбите за бицепси, а потребен е еднаков напор и за двата типа на вежби. Сепак, повеќе тестостерон значи повеќе мускули - склековите очигледно можат да ви помигнат да добиете обликувани бицепси!

4. Практикувајте интензивен одмор и интензивни вежби

Покрај советот наведен во точка 3, мора да внимавате да не претерате со физичката активност. Симптомите кои може да се појават од премногу вежби се: нервоза, несоница, намалување на мускулите... и намалување на нивото на тестостерон. Не го напнувајте телото со повторување на исти интензивни вежби за една група на мускули 2 дена по ред.
Обезбедете си доволно одмор, се препорачува да спиете 8 часа во ноќта и да имате редовен ритам на спиење.

5. Алкохол и цигари - две убиствени навики кои ја уништуваат машкоста и „пливачите“
Прекумерното пиење на алкохол го уништува здравјето и ова е добро позната вистина, но исто така „се грижи“ и за уништување на тестостеронот (токму затоа не сте способни за активности во кревет по пиење на повеќе алкохол).
Алкохолот ја загрозува функцијата на црниот дроп, а како резултат на тоа се зголемува нивото на женскиот хормон естроген, а не на „мажествениот“ тестостерон.

Пушењето исто така дава слични ефекти, а според некои истражувања, пушачите имаат 22% помалку сперма за разлика од не-пушачите. Ова е уште една причина да заборавите на лошата навика.

Коментари (0)add comment

Напишете коментар
quote
bold
italicize
underline
strike
url
image
quote
quote
smile
wink
laugh
grin
angry
sad
shocked
cool
tongue
kiss
cry
намали | зголеми

busy

Можеби сте пропуштиле:

Следете не на:

 

Случајно избрани


Revenge of the Fallen

|
На 24 Јуни е премиерата на долгоочекуваното продолжение на Transformers со име Revenge of The Fallen. Ѕирнете во овие неколку... Види...
Отвори се сезаме!!!

|
Човекот изгледа прв пат во животот се сретнува со врата која автоматски се отвара. Си почека неколку време некој да... Види...
Виновен

|
Крис Браун се изјасни виновен на судењето, по повод нападот врз Ријана на 8 Февруари. Изјаснувањето следеше по постигнатиот договор... Види...
U2 барања

|
Пред концертите менаџерскиот тим на најголемиот светски рок бенд ја посети Хрватска за да ги разработи деталите за настанот.... Види...
Маса+келнер+робот

|
Бидејќи да имаш келнери е тоолку не модерно, Јапонците( а кој друг) измислија начин да ја спојат добрата услуга со... Види...
KLIKAJ.com.mk

Анкета

Мобилниот телефон најмногу го користам за:

Слушај радио Online


 

КЛИКАЈ Речник


Текст
Од:
На:

Видео на денот

Последни Наслови

  • 1

Најкликани


Миреен...миреен...!

|
Не знам какви мисли му се вртат низ главата на ова куче, ама веднаш треба да му се најде девојка.... Види...
Северина на саем за еротика

|
Сексапилната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе биде специјална гостинка на првиот фестивал на еротика и секс кој кон крајот на... Види...
Сексот низ бројки

|
Сексот е љубов, страст, задоволство, а не бројки, но сепак е интересно да се ѕирне во некои статистики кои многу... Види...
Како најбрзо до слава

|
Девојкава најсликовито илустрира како се станува славен преку ноќ. Иако беше невозможно да дознеаме која е :) ... Види...
Пет машки совети

|
Главна улога во одржувањето на добро здравје и добар сексуален живот има хормонот тестостерон. Овој хормон дава енергија, вашето либидо... Види...
KLIKAJ.com.mk

Моментално

Има 2 гости присутни