Епидемија во Македонија?!


Во Македонија засега нема регистриран случај на опасниот грип А H1N1, денеска и официјално на прес конференција потврди министерот за здравство Бујар Османи.

Според последните податоци на СЗО, во повеќе од сто земји во светот се регистрирани 79.339 лица инфицирани со вирусот Х1Н1 на грипот од типот А, од кои досега починале 337. Во САД оваа бројка достигна 27.717 заболени, а починале 127 лица. По САД, следуваат Мексико со 8.680 заболени и 116 починати, Канада со 7.983 заболени и 25 починати, Чиле со 7.342 заболени и 12 починати и Велика Британија со 6.929 заболени и тројца починати. Меѓу земјите со поголем број инфицирани лица се и Австралија со 4.568 заболени и деветмина починати, Аргентина со 1.587 заболени и 26 починати и Тајланд со 1.414 заболени и тројца починати.

Зарди овие состојби во Аргентина е воведена вонредна состојба и затворање на границите, а за поуспешно справување со грипот британските здравствени власти ќе ја променат тактиката што досега ја спроведуваа во борбата со заразата од вирусот, односно сомнителните случаи ќе останат дома и додека траат испитувањата лековите ќе им бидат доставувани на домашна адреса.
Се зголемува и бројката на заболени во Грција. Досега повеќе од 100 лица се заболени од грипот А, а повеќето од нив пристигнале во Грција со авионски летови од странство. Во Кипар има 10 нови случаи на грип, а во Парагвај е забележан и првиот смртен случај, додека заразени се 98 лица. Во Србија досега се регистрирани 15 случаи на лица инфицирани со вирусот на грипот А, од кои една третина веќе се излечени.

Експертите очекуваат кон крајот на летото Србија да се најде на најголем удар на вирусот, поради што оваа соседна земја се подготовува за справување со евентуалното масовно ширење на болеста.
Од министерството за здравство информираат дека граѓаните сите потребни информации ќе можат да ги добијат на отворениот телефон 02/3122-499.


„Вечер“


„Референтната лабораторија во Лондон вчера доцна попладне потврди дека во Македонија нема регистриран случај на грипот А H1N1. Останатите пациенти пак кои имаат грип од типот А, добиваат соодветен лекарски третман, добро ја поднесуваат терапијата и се опоравуваат“, појасни Османи.

Директорот на инфективната клиника Ѕвонко Миленковиќ, информираше дека четиригодишното дете од Австралија, што беше на гости во Прилеп, кое воедно беше првиот сомнителен случај, веќе е пуштено на домашно лекување.

Според Миленковиќ, освен тоа дете, вчера од Клиниката за инфективни болести на домашна нега бил пуштен и друг пациент, а во моментов таму се хоспитализирани петмина пациенти, кои се изолирани едни од други и примаат терапија.

Надлежните, како што пренесува Макфакс, денеска информираа и дека на скопскиот аеродром веќе е инсталирана термалната камера, а со неа ќе може да се детектираат сите патници кои имаат покачена телесна температура.

Напливот на нови сомнителни случаи за одговорните е очекувана работа, со оглед на сезоната на годишните одмори, кога има поголема фреквенција на пациенти.

Од тој аспект и понатаму до граѓаните се апелира да ги почитуваат превентивните мерки. Редовно да се мијат рацете, да се избегнува контакт со заболени лица. Доколку имаат симптоми на грип, веднаш да се јават на лекар.

Светската здравствена организација веќе информираше дека пандемијата се шири со умерен интензитет, но за сега не може точно да се предвиди дали и кога таа би можела да ескалира.

Од земјите во регионот, најголем број заразени за сега има во Грција, каде се регистрирани 117 пациенти со грип од типот А(Х1Н1).

"A1"


Коментари (0)add comment

Напишете коментар
quote
bold
italicize
underline
strike
url
image
quote
quote
smile
wink
laugh
grin
angry
sad
shocked
cool
tongue
kiss
cry
намали | зголеми

busy

Можеби сте пропуштиле:

Следете не на:

 

Случајно избрани


Дивата се враќа на сцена

|
Поп Дивата Витни Хјустон се враќа на сцената кон крајот на летото, со нов албум кој уште не е именуван.... Види...
Beatbox птици

|
Многу малку животни можат да го имитираат ова. Повеќето луѓе не се ни толку талентирани како птициве кога станува збор... Види...
Лоши навики во исхраната

|
За повеќето луѓе, може да се каже дека се робови на навиката. Кога е во прашање исхраната, обично купуваме во... Види...
Street Fighter манија

|
Сите оние кои ја играле аркадната игра Стрит Фајтер знаат за бонус нивоата каде би морале да искршите кола, така?... Види...
Перспективна манипулација

|
Со малку перспективна манипулација можеме да добиеме навидум интересни и реалистични фотографии. Погледнете ја галеријата и дознајте за што станува... Види...
KLIKAJ.com.mk

Анкета

Мобилниот телефон најмногу го користам за:

Слушај радио Online


 

КЛИКАЈ Речник


Текст
Од:
На:

Видео на денот

Последни Наслови

  • 1

Најкликани


Миреен...миреен...!

|
Не знам какви мисли му се вртат низ главата на ова куче, ама веднаш треба да му се најде девојка.... Види...
Северина на саем за еротика

|
Сексапилната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе биде специјална гостинка на првиот фестивал на еротика и секс кој кон крајот на... Види...
Сексот низ бројки

|
Сексот е љубов, страст, задоволство, а не бројки, но сепак е интересно да се ѕирне во некои статистики кои многу... Види...
Како најбрзо до слава

|
Девојкава најсликовито илустрира како се станува славен преку ноќ. Иако беше невозможно да дознеаме која е :) ... Види...
Пет машки совети

|
Главна улога во одржувањето на добро здравје и добар сексуален живот има хормонот тестостерон. Овој хормон дава енергија, вашето либидо... Види...
KLIKAJ.com.mk

Моментално

Има 2 гости присутни