Повторно на врвот на листите


Откако беше соопштена информацијата за смртта на Мајкл Џексон, дури девет од неговите десет албуми се најдоа меѓу првите на листата на најпродавани.

Се проценува дека ѕвездата ќе заработи повеќе пари по смртта, отколку додека беше жив, при што се прават споредби со Елвис Присли.

Американските медиуми пишуваат дека Мајкл Џексон веќе со години се обидувал да ја поправи својата финансиска состојба, што многу тешко го остварувал, па сега се јавуваат информации за неговите наводно големи долгови. Неговиот долг на даночните американски власти и на банките во четвртокот изнесувал фантастични 400 милиони долари.

Меѓутоа, веднаш по веста за смртта на ѕвездата се’ што и најмалку има врска со името на Мајкл Џексон станува многу барано и веднаш добива купувачи.

Дискографската куќа Apple уште во петокот го објави податокот дека албумите на Џексон за миг ги заземале деветте места меѓу десетте најпродавани. Албумот „Трилер“, кој и досега беше најпродавана плоча во историјата, е неприкосновено на врвот.

Педантните американски статистичари забележуваат дека во последните два дена е продадено повеќе стока која е во поврзаност со култот на Мајкл Џексон, отколку за сите последни 11 години. Се продава се’, од беџови, маички, приврзоците, до имитации на неговите бели ракавици и други карактеристични делови на неговата облека.

Американските медиуми пишуваат дека неговите наследници ќе заработуваат многу од митот за Мајкл Џексон, но и од песните на „Битлси“, чиј каталог го откупи во 1985 г. за 47,5 милиони долари. Тој сега е проценет на 1,5 милијарда доалри и годишно може да донесува заработка од 80 милиони долари. Станува збор за огромни суми, бидејќи освен продажбата на цедеа, дивидија, како и други предмети со неговото име, се надоврзуваат и тантиемите од неговите песни и од песните на „Битлси“. Проценката е дека за 25 години, Мајкл Џексон, од музиката, вклучувајќи и ги и концертите, заработил повеќе од 700 милиони долари.

Сега се поставува прашањето кој ќе го наследи имотот Неверленд и други антиквитети и недвижнини кои се проценуваат на милионски износи.
Според законите на државата Калифорнија, бидејќи во моментот на починувањето Мајкл Џексон не бил во брак, сите права и обврски ги наследуваат неговите три деца. Затоа, се претпоставува дека ќе се води голема битка кој ќе го добие старателството над нив. Дури и да оставил тестамент, што се’ уште не е потврдено, целиот имот минува на децата, за кои се претпоставува дека и формирал фондација.

Мајкл Џозеф Џуниор и Парис Мајкл Кетрин се родени во бракот со Деби Роув, која се има откажано од родителските права, а во саботата запрашана од медиумите одговорила дека - ги родила, но не се чувствува како нивна мајка. Но бидејќи во прашање се огромни износи, не е исклучено таа да побара старателство врз двете деца, и покрај вчерашната изјава дека се откажува.

Најмалото дете на Мајкл, Принц Бланкет Мајкл Втори, е од сурогат мајка, која не е идентификувана. Некои медиуми шпекулираат дека старателството над децата ќе го побара мајката на пејачот, Кетрин Џексон, за што правници рекле дека не би имала притоа посебен проблем.
Магазинот Forbs донесува статија во која има мислење дека брендот Мајкл Џексон ќе заработи многу повеќе постхумно, отколку додека беше жив. Неговите економски аналитичари проценуваат дека може да се случи дури и да го надмине неговиот пример Елвис Присли. А според податоци на магазинот, околу името и опусот на Присли само во 2008 г. биле заработени 52 милиони долари.

Но, тука се и долговите и некој што ќе изгуби. На пример, концертниот промотор AEG Live кој е организатор на неговите 50 концерти во Лондон, ќе мора да врати 90 милиони долари за веќе продадените влезници. Тие изјавиле дека веќе изгубиле 30 милиони долари кои нема да можат никако да ги повратат, кои биле вложени во организацијата на настапите во Лондон. Мајкл Џексон, исто така, има и долгови од позајмици, па се очекува да се види како тоа ќе биде вратено.


Коментари (0)add comment

Напишете коментар
quote
bold
italicize
underline
strike
url
image
quote
quote
smile
wink
laugh
grin
angry
sad
shocked
cool
tongue
kiss
cry
намали | зголеми

busy

Можеби сте пропуштиле:

Следете не на:

 

Случајно избрани


Исчезна Анџелина Џоли?!?

|
Според „Сител Телевизија“, луксузната јахта на Џоли, потонала во близина на Сен Тропе, Франција. Светските медиуми не јавуваат ништо сеуште.... Види...
Смешни голови

|
Компилација смешни голови, благодарение на "добрите" голмани, погледнете.... Види...
Јадете супа

|
Научниците утврдиле дека со јадење на супа пред главното јадење може да ја контролирате вашата тежина...... Види...
Свински грип и кај нас?!?

|
Кај четиригодишно дете, кое допатувало од Австралија, е потврден вирус од групата А. Првиот високосомнителен случај на смртоносниот грип, А... Види...
Забава во три димензии

|
Годинава во киносалите низ светот ќе се емитуваат околу 30 филма, помеѓу кои и „Аватар“, на режисерот Џемс Камерон, од... Види...
KLIKAJ.com.mk

Анкета

Мобилниот телефон најмногу го користам за:

Слушај радио Online


 

КЛИКАЈ Речник


Текст
Од:
На:

Видео на денот

Последни Наслови

  • 1

Најкликани


Миреен...миреен...!

|
Не знам какви мисли му се вртат низ главата на ова куче, ама веднаш треба да му се најде девојка.... Види...
Северина на саем за еротика

|
Сексапилната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе биде специјална гостинка на првиот фестивал на еротика и секс кој кон крајот на... Види...
Сексот низ бројки

|
Сексот е љубов, страст, задоволство, а не бројки, но сепак е интересно да се ѕирне во некои статистики кои многу... Види...
Како најбрзо до слава

|
Девојкава најсликовито илустрира како се станува славен преку ноќ. Иако беше невозможно да дознеаме која е :) ... Види...
Пет машки совети

|
Главна улога во одржувањето на добро здравје и добар сексуален живот има хормонот тестостерон. Овој хормон дава енергија, вашето либидо... Види...
KLIKAJ.com.mk

Моментално

Има 3 гости присутни